Radio Sportsko

Radio Sportsko

0 Favoritos 9 Hit
Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани во Македонија, но и надвор од нашите граници. На тој принцип е изградена и програмската шема на радиото, која опфаќа голем број на содржини кои го привлекуваат вниманието на слушателите во текот на целиот ден.
Комплетната програма се емитува во живо, со повремени снимени прилози од главните настани во земјата. Водителите на свој начин ги донесуваат најновите вести до слушателот, низ highlight блок-содржини кои се куси и содржајни. На секој час се емитуваат спортски вести, кои се сублимат на вестите во текот на еден час. Вечерната спортска програма и Викенд програмата, пак, опфаќа многу повеќе фудбалски натпревари во живо. Покрај фудбалските средби, во живо се следат и останатите спортови, како хокејот, кошарката, ракометот, одбојката ... Спортското радио 90.3 фм има и стилска музичка концепција. Потпрена главно на хитовите од минатото, но со доволен простор и за најновите музички хитови. Неколку емисии во живо, интервјуа со познати спортски и јавни личности и секогаш присуство во живо на врвните настани во земјата, но и надвор од нашите граници. Вршиме преноси од фудбалските натпревари на нашата репрезентација, имаме наши репортери на настапите на сите наши репрезентации на домашен терен. Се обидуваме да им понудиме на слушателите секогаш свежи и точни содржини. Досега имаме и одличен успех со слушаноста, а тоа е само мотив повеќе за натамошна успешна работа.
Escuchar Radio Sportsko ¡en tu teléfono!
Get it on Google Play Get it on App Store

Descarga la aplicación gratuita

Escuche más de 100.000 estaciones de radio en vivo y contenido bajo demanda como podcasts y programas, dondequiera que vaya.

Get it on Google Play Get it on App Store